25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Норвешка мора да започне со оданочување на луксузни електрични автомобили

ММФ: Норвешка мора да започне со оданочување на луксузни електрични автомобили

Норвешка мора да започне да ги оданочува луксузните електрични автомобили за да ги намали вкупните трошоци за дарежливи стимулации за купување електрични возила, сметаат економистите од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Норвешка сака да стане првата земја во светот што забранува продажба на бензински и дизел автомобили до 2025-та година, поради што ги ослободи сите електрични возила од данок.

Ваквата даночна политика вроди со плод, а минатата година електричните автомобили учествуваа со 54 проценти во продажбата, што е светски рекорд. Во 2019-та година, нивниот удел во продажбата беше 42 проценти, а пред десет години само еден процент.

Даночните олеснувања за електричните автомобили носат и високи буџетски трошоци, кои владејачката централно-десна коалиција ги проценува на 19,2 милијарди круни (2,32 милијарди долари) загубени приходи во 2020-та година, или околу 250.000 круни во просек за секој продаден автомобил.

„Колку е поскап автомобилот, толку е повисок данокот на промет и другите давачки од кои државата се откажа, што значи дека домаќинствата со високи примања се најдарежливо субвенционирани, со паралелно зголемување на трошоците за намалување на емисиите на јаглерод“, посочува ММФ.

„Норвешка може подобро да ги насочи даночните олеснувања за да го зголеми нивното влијание врз животната средина“, заклучуваат економистите на ММФ.

Тие предлагаат на граѓаните да им се понудат стимулации да ги уништат автомобилите со бензински и дизел мотори откако ќе купат електрични модели. Владата исто така може да размисли за зголемување на даноците за автомобили со мотори со внатрешно согорување, додаваат тие.

Предлозите може да најдат добар одговор кај левоцентристичката опозиција, која води во анкетите пред парламентарните избори, закажани за септември.

Норвешките лабуристи и другите партии од левиот центар поддржуваат забрана за продажба на бензин и дизел од 2025-та година, но се залагаат за оданочување на дел од цената на електричните автомобили поскапи од 600.000 круни.

Најевтиниот електричен модел на „Porsche“ чини 758.000 круни, додека цените на луксузните модели се околу 1,7 милиони круни, според податоците на „Reuters“ од веб-страницата на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП