29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо четврток ќе се оддржи 37-то издание на Бизнис Кафе Македонија

Во четврток ќе се оддржи 37-то издание на Бизнис Кафе Македонија

Овој четврток (08.07.2021) со почеток од 19 часот во градината на хотел Солун (плоштад) во Скопје ќе се оддржи новото издание на најпознатиот бизнис нетворкинг настан во земјава – Бизнис Кафе Македонија.

“После долго отсуство поради пандемијата и ограничувањата за јавни настани, ова летно издание е одлична можност да одмориме малку од видео-конференциските алатки и повторно со нашите соработници да се дружиме во живо, со шолја кафе и многу енергија за ре-старт на вообичаените бизнис активности” – велат организаторите.

Покрај вообичаените нетворкинг елементи, 37-мото издание на Бизнис Кафе Македонија ги носи и искуствата на тројца врвни професионалци во своите области кои со присутните ќе ги споделат своите бизнис и животни лекции и ќе се обидат да понудат одговори на некои од најважните пост-пандемиски прашања поврзани со менаџирање на кадар, продажба и пост-пандемиско работење.

Како гости-говорници на ова издание ќе бидат:

  • Дејан Маџоскидиректор за човечки ресурски во НЛБ Банка, долгогодишен експерт во областа на HR менаџментот, развој на организациска култура и развој на лидерство, со претходно искуство и во компании како Т-Мобиле, Македонски Телеком и Пивара Скопје
  • Марко ДамевскиМенаџер за Продажба во Winner Life, но пред се тренер и лидер на продажниот тим во една од најдинамичните индустии во земјата кој скоро две декади е целосно посветен на развој на продажните мрежи и тимови на водечки финансиски институции и странски брендови во земјава, како што се Western Union, Societe General Охридска Банка, Прокредит Банка, ИК Банка, Кроација Осигурување и др.
  • Стефанија Гаштарскадипломиран балетски уметник во Болшој академијата во Москва, со црвена диплома. Гришко бренд амбасадор и член на Болшој Театарот.

Поради желбата сите да се чувствуваат сигурно, ова издание на Бизнис Кафе Македонија ќе биде со ограничен број на достапни места за посетители и затоа Ве покануваме поскоро да си го резервирате Вашето место со испраќање на е-маил порака на: [email protected]

Картите се по цена од 300 денари и истите можат да се купат на фактура или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан) со претходна потврда за резервација на место на погорната е-маил адреса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП