16 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВистинска „фонтана од лава“ - Етна повторно активна(ВИДЕО)

Вистинска „фонтана од лава“ – Етна повторно активна(ВИДЕО)

Вулканот Етна на јужниот италијански остров Сицилија е повторно активен, вистинска „фонтана од лава“ се спушта на југо-источната страна од вулканот, пренесува агенцијата Аги.

На ерупцијата и претходеа неколку експлозии што се слушнаа далеку, од кратерот излегуваше чад, а околните места беа покриени со вулканска пепел.

И покрај густиот чад и пепел, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, центарот на Сицилија.

Според Националниот институт за геофизика, изворот на лава се наоѓа на надморска височина од 3.000 метри надморска височина.

Во 2011 година, вулканот Етна беше ставен на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП