16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА5 најбарани занимања

5 најбарани занимања

Кога започна короната минатата пролет, од ден на ден гледавме како се менува светот пред нашите очи. Сега, кога ситуацијата е многу постабилна, некои промени остануваат трајни.

Многу од нив се поврзани со деловни и тековни занимања. LinkedIn направи пресек на професии кои би можеле да доминираат во 2021 година, а ние ги издвојуваме најдобрите 5.

1.Работниците вработени во областа на онлајн трговијата и оние кои вршат достава – се дефинитивно една од најбараните категории на пазарот на трудот. Добрата вест е дека оваа работа не бара никаква специјална обука или доквалификација, но треба да бидете пргав, брз, оперативен, да сте возач (ако се занимавате со испорака). На ниво на САД, растот на вработеноста во овој сектор е изразен преку 73% од 2019 година, пренесува Телеграф Бизнис.

2.Банкарите задолжени за позајмици и кредити имаат полни раце работа овие месеци, поради кризата наметната од пандемијата. Од друга страна, ниските каматни стапки принудија многумина да влезат во процес на купување на својата нова, па дури и на нивната прва куќа / стан. Од 2019 година, вработувањето во овој домен е зголемено за 59 проценти.

3.Здравството е исто така област која продолжува да напредува, особено имајќи предвид дека скоро сите земји во светот ветија дека ќе инвестираат повеќе во него во наредните години. Имено, во 2021 година, фармацевтските техничари, негуватели, медицински сестри, здравствени тренери се многу барани. Така, вработувањето во овој сектор скокна на 34 проценти во споредба со претходната година – онаа пред короната.

4.Професионалци за развој на деловни активности и продажба заземаат високо четврто место на оваа листа. Од 2019 година, побарувачката за нив се зголеми на 45 проценти во Соединетите држави, а тие првенствено се занимаваат со финансии, совети, консултации и стратегии.

5.Креаторите на дигитални содржини и експертите за дигитален маркетинг се едни од водечките занимања оваа година. Вработувањето е зголемено за 33, или 49 проценти од 2019 година. Бидејќи онлајн продажбата заживеа за време на пандемијата, а светот „се префрли“ на мрежи и интернет, така се појави и потребата од овие експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП