2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTelekom Austria: Добивката падна за 10%, приходите помали за 2%

Telekom Austria: Добивката падна за 10%, приходите помали за 2%

telecomaustria1

Основната добивка на австриската компанија „Telekom Austria“ во вториот квартал се намали за 10 проценти, малку повеќе од очекуваното, бидејќи компанијата потрошила повеќе пари на субвенционирање паметни телефони со цел да ги задржи купувачите кои трошат повеќе.

Компанијата во која „America Movil“ во сопственост на мексиканскиот милијардер Карлос Слим, поседува удел од речиси 24 проценти, денес објави дека добивката пред оданочувањето и каматите во вториот квартал е намалена на 330 милиони евра.

Приходите се намалени за два проценти, на 1,04 милијарди евра. Просечниот приход по корисник во Австрија е намален за 15 проценти, на 16,2 евра месечно, по интеграцијата на брендот „Yesss“, кој „Telekom Austria“ го купи на почетокот на годината во рамките на превземањето на компанијата „Orange Austria“.

„Како што се очекуваше, 2013 година донесе мешани резултати“ изјави во соопштението главниот извршен директор Ханс Амерсреитер.

„Конвергентното портфолио на производи и големите субвенции за најскапите паметни телефони во сегментот на премиум клиентите ни помагаат да го обезбедиме работењето. Падот на приходите делумно се компензира со намалувањето на трошоците“, наведуваат од „Telekom Austria“.

Тие истакнуваат дека и понатака се конкурентни на домашниот – австралискиот пазар, како и на бугарскиот и хрватскиот пазар, каде го остваруваат најголемиот профит, а присутни се и во сегментот на фискалната телефонија.

Тие потврдија дека во 2013 година очекуваат приходи од 4,1 милијарди евра, во однос на минатогодишните 4,33 милијарди евра. Тие ја намалија капиталната потрошувачка на 650 до 700 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП