28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на работници во индустријата во мај

Намален бројот на работници во индустријата во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 98.7.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.1 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 4.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.4 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, изнесува 97.3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП