Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) Рошел Валенски на брифинг во Белата куќа изјави дека првичните податоци од Центарот покажуваат дека 99,5 проценти од смртните случаи од коронавирус во последните шест месеци не биле вакцинирани.
Валенски вели дека податоците од голем број држави покажуваат дека скоро секоја жртва на коронавирус не е вакцинирана од јануари – еден месец по почетокот на вакцинацијата во САД. Таа истакна дека ова е одраз на ефективноста на вакцината.

