Научниците од Универзитетот во Оксфорд, заедно со британско-шведската фармацевтска компанија, ја развија оваа вакцина.
Заштитата што ја дава вакцината на АстраЗенека против ковид-19 не е помала дури и ако временскиот интервал помеѓу првата и втората доза е значително подолг, покажа новата студија.
Имунолошкиот одговор е подеднакво силен, а во некои случаи и подобар кога интервалот помеѓу првата и втората доза е 45 недели, во споредба со стандардниот интервал, сметаат научниците од Универзитетот во Оксфорд, кои ја развија вакцината заедно со британско-шведската фармацевтска компанија.
„Одговорот на втората доза е одличен, дури 10 месеци по првата“, рече професорот Ендру Полард, раководител на одделот за тестирање на вакцини. Истражувањето сè уште не е рацензирано.
Истражувачите, исто така го следеле влијанието на третата доза на вакцина на АстраЗенец примена најмалку шест месеци по втората.
Тие забележале значително посилен имунолошки одговор и подобра заштита од варијантите на коронавирус кои циркулираат во овој момент.