17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолапсот во туризмот може да донесе загуби од 4 трилиони долари на...

Колапсот во туризмот може да донесе загуби од 4 трилиони долари на светската економија

Падот на туристичкиот сектор предизвикан од пандемијата со Ковид-19 ќе ја чини светската економија повеќе од 4 трилиони долари во 2020-та и 2021-ва година – многу повеќе отколку што се очекуваше, бидејќи нерамномерниот процес на вакцинација има негативно влијание врз земјите во развој, кои се многу зависни од меѓународните туристи.

Загубите само оваа година може да достигнат помеѓу 1,7 трилиони и 2,4 трилиони долари, иако меѓународниот туризам расте во втората половина од годината во земји како САД и Велика Британија, кои имаат поголемо ниво на имунизација, се вели во извештајот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD), цитиран од „Bloomberg“.

Студијата го потенцира скапиот ефект од нееднаквиот пристап до вакцините низ целиот свет. Земјите во развој можат да носат до 60% од очекуваните загуби на БДП-то, според „UNCTAD“.

Во извештајот исто така се вели дека кризата во туристичкиот сектор е далеку од завршена, бидејќи многу региони на ниско ниво сè уште имаат ограничувања и забрани за патувања. Светот можеби нема да забележи враќање на меѓународниот туризам на нивоата пред пандемијата до 2023-та година, според студијата спроведена во соработка со Светската туристичка организација на Обединетите нации

Земјите како Тајланд и Турција, кои се потпираат на странски туристи, го носат товарот на ударот. Падот на туризмот, исто така, им се заканува на сродните сектори, како што се прехранбената индустрија, пијалоците, малопродажбата, комуникациите и транспортот.

Генерално, колапсот во туризмот доведе до просечно зголемување на невработеноста од 5,5% кај неквалификуваните работници, што влијае на секторот во кој работат многу жени и млади луѓе.

Во развиените земји, можноста за одмор во странство изгледа се поизвесна. Се поголем број Американци планираат патување во странска земја, според индексот на доверба на потрошувачите во земјата за јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП