28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГо напуштил Apple за 800 долари, сега би имал 35 милијарди

Го напуштил Apple за 800 долари, сега би имал 35 милијарди

apple3

Рон Вејн е еден од тројцата основачи на американскиот информациски гигант „Apple“, покрај Стив Џобс и Стив Вознијак, но, со продавањето на својот дел за само 800 долари, пропушти шанса неколку години подоцна со нив да заработи 35 милијарди долари.

Вејн, кој сега има 79 години, во време на основањето на компанијата играл улога на некој вид супервизор во однос на, тогаш, младите креативци, 21-годишниот Џобс и 25-годишниот Вознијак.

stiv1

Тој го дизајнирал првото лого на „Apple“, го составил првобитниот договор за партнерство меѓу трите основачи на компанијата и го напишал упатството за употреба на првиот компјутер на компанијата, „Apple 1“.

Само две недели подоцна, Вејн го продал својот дел од 10 проценти во компанијата за само 800 долари. Да го задржел, тој сега би имал вредност од 35 милијарди долари.

Вејн го напуштил „Apple“ затоа што сметал дека одлуката на Џобс да потроши повеќе од 1.500 долари на делови за еден производ е многу лоша.

ronald2

Иако не наведува дека таа одлука ја донел поради односот со Џобс, својот некогашен деловен партнер го опишува со зборовите:

„Да можете да бирате дали сакате да ве згрее Стив Џобс или коцка лед, подобро би ви било да ве згрее коцката лед. Во деловните одлуки тој имаше принцип – или по мое или никако.“

„Џобс беше фокусиран и одлучен. Ако имаше некоја цел, последното место на кое би сакале да се најдете е меѓу него и целта, бидејќи би сте завршиле со отисок од неговите чевли на челото“, истакнува Рон Вејн.

„Донесов одлука која ми дозволи да го работам она што ме интересира. Навистина не жалам што ги продадов акциите“, наведе заборавениот трет основач на „Apple“.

„Да останев во „Apple“ и да ги прифатев ограничувањата пред мојата животна филозофија, можев еден ден да бидам најбогатиот мртовец на гробиштата. Тогаш бев во четириесетите години, а овие деца беа како ураган. Беше тоа како да држите тигар за опашка“, наведува Рон Вејн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП