3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПеко: Започнуваат отпуштањата и продажбата на недвижнини

Пеко: Започнуваат отпуштањата и продажбата на недвижнини

peko1

По две недели пауза, во „Peko“ денес беше обновено производството. Раководството на компанијата се стреми да се оддржи ликвидноста и со банките се договара за мораториумот на отплатата на кредитите. Во исто време, „Peko“ ги продава и своите недвижнини.

Започнува и постапката за намалување на бројот на работници. Отпуштањата ќе бидат постепени, а се пресметува дека работата ќе ја загубат 50 работници од вкупно 360 вработени во „Peko“. Во производниот сегмент нема да има отпуштања, туку отказите ќе бидат поделени во останатите сектори од компанијата.

Сеуште се бориме, друго не ни преостанува, изјави претседателот на Управата на „Peko“ Славко Деспотовиќ.

Во меѓувреме, „Peko“ започна со продажбата на невижнини во Србија, Хрватска и Словенија. Споменатите деловни простории не се користат и затоа се ставени на продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП