29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДоаѓа ли крајот на караваните?

Доаѓа ли крајот на караваните?

Последните 20 години, уделот на пазарот на караваните е преполовен, покажуваат резултатите на агенцијата „JATO Dynamics“, при што во својата анализа ги откриваат причините за тоа.

Главната е огромниот интерес за кросоверите, што го смени глобалниот пазар како целина. Благодарение на нив, автомобилската индустрија успеа да надмине неколку кризи, од кои последната е од минатата година. Токму кросоверите и џиповите станаа главен семеен автомобил на повеќето водечки пазари во светот.

Податоците покажуваат дека пред 20 години, караваните заземале 6,1% од вкупниот пазар, што претставува околу 2,9 милиони единици. Една година подоцна, тие забележаа рекорден удел и обем – 6,9% и 3,2 милиони продажби. Во 2020-та година, ситуацијата е радикално поинаква, само 1,75 милиони единици или 2,7% од вкупната продажба. Што е уште полошо е што во првите 3 месеци уделот на пазарот на каравани продолжува да паѓа на 2,4%, што ги тера експертите да го постават прашањето – „Дали овој сегмент навистина умира?“.

Вака се одвива продажбата на караваните во последните 20 години и јасно е дека нивните резултати постојано паѓаат.

Постојат две главни причини за ова. Првиот е во промена на мислењето на потрошувачите за караванот. Тие беа создадени како комерцијално возило и дури подоцна станаа традиционален семеен автомобил. Затоа, на повеќето пазари, со исклучок на Германија, Италија и Скандинавија, нивната продажба нагло падна. Да не спомнуваме дека во региони како што се Соединетите Држави, Латинска Америка и Азија, нивната побарувачка отсекогаш била минимална, бидејќи се сметаат за здодевни автомобили за стари лица.

Другата причина е конкурентскиот напад на „SUV“ модели кои имаат сличен концепт. Општо, теренецот е „подигнат“ караван со повисока позиција на возачот, кој нуди поудобен влез и излез, притоа давајќи чувство на сигурност. Во 2000-та година, на глобалниот пазар беа продадени 1,9 кросовери за секој продаден караван. Минатата година, односот се искачи на 16,3, што покажува дека караванот дефинитивно е жртва на џиповите.

Која е иднината на караванот? Не може да биде светла, напротив. Незаинтересираноста за клучните пазари како што се САД и Кина ги прави многу ранливи на истребување во текот на следните неколку години. Докажано е дека еден сегмент не може да зависи од само еден пазар, освен ако не е популарен во соодветната земја (примери за тоа се пикапите во САД и „кеј-карс“ во Јапонија). Затоа, изгледите за караванот изгледаат прилично мрачни и изгледаат целосно осудени на пропаст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП