29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот има повеќе од 20 милиони милионери

Во светот има повеќе од 20 милиони милионери

Бројот на милионери низ целиот свет ја надмина границата од 20 милиони во текот на 2020 година, покажуваат новите податоци објавени во вторникот од консултантската компанија “Капгемини”.

Бројот на луѓе чие богатство е вредно милион долари или повеќе се зголеми за 6,3 проценти, на 20,8 милиони луѓе, во текот на годината на пандемија на коронавирус во светот, наведува Капгемини.

Вкупното богатство во сопственост на таа група на луѓе се зголеми за 7,6 проценти, на вкупно 80 трилиони долари. Големи добивки беа остварени како резултат на повисоките пазарни вредности на акциите.

Земјите со најбогати луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина. 63 проценти од светските милионери живеат во тие четири земји, пренесува Хина.

Најбрз раст во 2020 година има кај супербогатите, оние кои имаат богатство вредно најмалку 30 милиони долари. Овој клуб порасна за 9% во 2020 година.

Капгемини ги следи цените на акциите, сопственоста на обврзници, алтернативните инвестиции, парите и средствата при проценка на вредноста.

Исто така, се потпира на податоци од меѓународни организации како што е Светска банка, како и на податоци од анкети на богатите и нивните финансиски менаџери.

Рангирањето во голема мера е во согласност со голем број други графикони на светски богаташи објавени неодамна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП