На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 проценти од капацитетот на просторот, објави на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши.
Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

