27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБавен економски раст во Јапонија

Бавен економски раст во Јапонија

japonija1

Јапонската економија во вториот квартал напредувала за 2,6 проценти, побавно од тоа што беше очекувано. Компаниите во оваа земја претпазливо очекуваа пооптимистични економски резултати со цел да ги зголемат инвестициите.

Во однос на претходниот квартал, третата најголема светска економија во трите месеци заклучно со јуни се зголеми за 0,6 проценти, покажуваат прелиминарните податоци на јапонската влада, пренесува агенцијата АП.

Јавниот долг на официјален Токио надмина 10,4 билиони долари минатата недела и потребено е силно економско закрепнување со цел даночните приходи да се зголемат доволно за да може „планината“ од јавни долгови да почне да се намалува.

Аналитичарите во вториот квартал очекуваа раст од најмалку три проценти на годишно ниво, по 3,8 процентниот раст од првиот квартал.

Резултатите послаби од очекуваните најверојатно ќе го зголемат притисокот на владата, а премиерот Шинзо Абе ќе ги забрза реформите кои ги вети со цел да се подобри конкурентноста на Јапонија и да се обезбеди одржлив економски раст на подолг рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП