8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве кога доаѓа новиот iPhone!

Еве кога доаѓа новиот iPhone!

iphone5s

Apple на 10 Септември ќе ги претстави двата нови модели на iPhone – Наследникот на актуелната “петка” и поевтиниот модел на iPhone – моделот 5C.

Иако некои фанови на Apple на WWDC конференцијата во јуни, очекуваа презентација на новиот модел на iPhone, компанијата пред два месеци ја претстави новата верзија на оперативниот систем со надградбата за лаптопите MacBook Air, додека најавата за нови телефони ја одложи за втората половина од годината.

Официјални информации од Apple за тоа дека Тим Кук ќе го претстави новиот iPhone сеуште нема, но зголемувањето на бројот на гласини кои доаѓаат од “доверливи извори”, и според последните информации објавени на веб страната All Things D, презентацијата на новиот модел на телефон на Apple може да се очекува на 10-ти Септември.

 

Foxconn се подготвува за производство на новиот iPhone 

Покрај моделот iPhone 5S за кого се зборува од крајот на минатата година, има се повеќе информации дека Apple ќе го претстави поевтиниот модел iPhone 5C, така што, за прв пат од лансирањето на iPhone во 2007 година, компанијата може да воведе два модели на телефони во една година.

За разлика од лансирањето iPhone 5 минатата година, кој донесе најголеми промени во споредба со претходните модели – особено поголем екран со дијагонала од 4 инчи, во септември не треба да се очекуваат толку големи новитети. Така што, iPhone 5S би требало да има ист екран со дијагонала и резолуција како и сегашниот модел и ист или многу сличен дизајн, а најголеми промени може да се очекуваат во хардверот на телефонот – наводно подготвуваат подобар и побрз процесор, подобра камера и иновации, како што е поддршка за NFC и читач за отпечаток од прст, кои ќе бидат интегрирани во копчето Home.

Читачот на отисок од прст би требало да ја зголеми безбедноста на корисниците на овие смартфони, што ќе се користи наместо пишувањето на лозинка, и заедно со поддршка за NFC треба да овозможи да го користите вашиот iPhone како алатка за мобилно плаќање, што на многу корисници би можело да им ги замени картичките за плаќање.

Во претходните години, Apple по презентацијата на новите модели на iPhone ги оставаше во продажба и постарите модели, кои се продаваа по пониска цена, и на тој начин се натпреваруваше со поевтините телефони на Android, освен моделот iPhone 5 и моделите iPhone 4S и две години стариот iPhone 4.

 

Случајно “го потврдија” поевтиниот модел на iPhone?

Од оваа година, работите може да се променат, бидејќи Apple во септември може целосно да го запре производството на постарите модели на iPhone и да се концентрира само на два модели – iPhone 5S кој во САД би се продавал по ‘стандардните’  200 долари за моделите со капацитет од 16GB додека ефтиниот модел iPhone 5C би се продавал по пониска цена, со што Apple ќе им конкурира на големиот број на поевтини Android модели, главно на пазарите во развој.

Што се однесува до иднината на продажбата на Apple телефоните, Петар Мишел – еден од аналитичарите кој со години ја следи состојбата во Apple, смета дека компанијата во текот на третиот квартал ќе продаде околу 30 милиони iPhone телефони, додека таа бројка во последните три месеци од оваа година треба да изнесува околу 45 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП