19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУвозните цени во Германија се зголемија најмногу во скоро 40 години

Увозните цени во Германија се зголемија најмногу во скоро 40 години

Увозните цени во Германија се зголемија најмногу во мај од 1981-ва година и втората нафтена криза, објави во понеделникот заводот за статистика „Дестатис“.

Цените на увозот се зголемија за 11,8 проценти минатиот месец во споредба со мај минатата година, по порастот од 10,3 проценти во април, покажува извештајот на „Дестатис“.

Ова е нивниот најголем раст од октомври 1981-ва година и други нафтени кризи кога тие се зголемија за 13,6 проценти, според заводот за статистика.

На месечно ниво, тие се зголемија за 1,7 проценти, по 1,4 процентно зголемување во април.

Кога е исклучена енергијата, цените на увозот пораснаа за шест проценти на годишно ниво во мај. Цените на енергијата се скоро двојно зголемени заради екстремно ниската основа за споредба во 2020-та година.

Цените на извозот пораснаа за 4,2 проценти во однос на мај минатата година, по порастот од 3,3 проценти во април.

Месечната споредба покажува мало забавување на растот на извозните цени, од 0,8 проценти во април на 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП