Влијателното британско списание „The Economist“ го прогласи Оукленд од Нов Зеланд за најдобар град за живеење во споредба со 139 други градови во светот. Одличната реакција на овој град против пандемијата на коронавирусот придонесе за нивната одлука.
Од 2018 до 2020 година, Виена ја носеше титулата најдобар град за живеење. На овогодинешното рангирање не е ниту меѓу првите десет градови – позициониран е на 12-то место. На редоследот значително влијаеше реакцијата на градовите на пандемијата, што The Economist ја зеде во предвид.

