Шолја чај дневно ја забавува дегенерацијата на мозочните клетки и го одржува умот бистар во подоцнежните години, тврдат научниците од Националниот универзитет во Сингапур.
Во текот на четиригодишното истражување, експертите откриле дека катехините, природните состојки на чајот, ги штитат клетките на мозокот од штетните протеини кои се наталожуваат со годините, што помага во одржувањето на функцијата за паметење. Покрај тоа, чајот содржи и природен протеин танин, кој го намалува зголемениот притисок, главоболката и заморот.

