Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.05/2021 за долгови доспеани до 31.01.2021 и неплатени до 30.04.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.05/2021 објавени се 1.685 должници – правни лица (помалку за 61 од претходната листа) и 2876 физички лица (повеќе за 103 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2021 изнесува 8.667.220.130 денари, помалку за -487.483.115 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.453.893.286 денари (помалку за 492.806.290 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 217.275.282 денари (повеќе за 5.323.175 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.