27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦГК: Расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите; секој трет тендер...

ЦГК: Расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите; секој трет тендер се поништува

Денес, 28 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Од мониторингот на јавните набавки:

  • Поништувањата на тендерите стигнаа до 33 %, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди.
  • Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка.  
  • Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности. 
  • Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво. 
  • Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби.

Од овогодишната анкета на фирмите: 

  • Проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е ’најниската цена‘ како критериум за избор на најповолната понуда.
  • Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 % од испитаните фирми.
  • 47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки.
  • 47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки.
  • Фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани.
  • Доминантни 60 % од фирмите велат дека корона-кризата влијаела негативно врз нивното учество на тендерите.

Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница: http://www.ccc.org.mk/ и http://www.opendata.mk/.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП