20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Еврозоната закрепнува побрзо од очекуваното

Лагард: Еврозоната закрепнува побрзо од очекуваното

Еврозоната закрепнува побрзо отколку што се очекуваше, но сепак има потреба од континуирана фискална и монетарна поддршка за пандемијата со коронавирусот да не остави трага во економијата. Ова во петокот го рече гувернерката на ЕЦБ, Кристин Лагард, за време на вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел.

„БДП-то во еврозоната се опоравува и ќе се врати на нивото на пред-пандемијата до првиот квартал на 2022-ра година, што би било три месеци порано отколку што се очекуваше на пролет“, им рече Лагард на европските лидери, објави „Reuters“, цитирајќи лица кои сезапознаени со разговорите.

Во исто време, Лагард ги повика лидерите да одржат полабава фискална политика, предупредувајќи дека предвременото суспендирање на мерките за стимулација може да го спречи закрепнувањето што се појавува.

На самитот, таа рече дека е неопходна континуирана поддршка за да се избегне можноста пандемија да остави големи лузни во економијата.

„Фискалната и монетарната политика продолжуваат да играат улога во поддршката на економската активност и градењето доверба. Потребна е постојана поддршка“, рече таа.

Лагард го наведе примерот за последиците од Големата депресија, кога скокот не успеа да се одржи бидејќи „зелените додатоци не се напоија“, изјави за „Bloomberg“ познат извор под услов да остане анонимен.

Според Лагард, инфлацијата во еврозоната најверојатно ќе продолжи да расте наесен, но повторно се тврди дека ова ќе биде само привремено зголемување.

Сепак, ова мислење не го споделуваат сите. Претходно главниот економист на „Allianz“, Мохамед ел-Ериан, изјави во интервју за „CNN“: „Не разбирам од каде доаѓа оваа доверба дека инфлацијата ќе биде привремена. Повеќе би сакал централните банкари да бидат поотворени. Но, тие се апсолутно убедени во своето мислење “.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП