22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите објавија целoсна снимка од инцидентот со британскиот брод во Црното Море(ВИДЕО)

Русите објавија целoсна снимка од инцидентот со британскиот брод во Црното Море(ВИДЕО)

Снимка направена од Руската федерална служба за безбедност (ФСБ), го прикажува целиот инцидент со уништувачот на британската кралска морнарица ХМС Дифендер и рускиот патролен брод во Црното Море, во средата.

Снимките го прикажуваат инцидентот во кој руски „су-24М“ го предупредил уништувачот тип-45 од Велика Британија за навелгување во поморската територија, се наведува во прилог на видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=Zpi6PG-qdHg&t=351s

Во комуникацијата помеѓу бродовите се слуша предупредување за употреба на оружје во случај на непочитување на барањата на граничната служба.

Според руското Министерство за одбрана, британскиот уништувач, ја нарушил државната граница на Руската Федерација во 11:52 часот, во северозападниот дел на Црното Море и влегол на три километри во територијалните води, во близина на Крим.

https://www.youtube.com/watch?v=lwbpt43GV7g&t=61s

Руската војска соопшти дека крајбрежен руски воен брод испукал предупредувачки истрели, откако претходно авион „сухој-24М“ фрлил неколку бомби покрај уништувачот, кој потоа ја напуштил руската територија.

Официјален Лондон, во средата негираше дека имало инцидент, но руското министерство потоа објави кратко видео во кое наводно се гледа моментот кога руските сили го потиснале британскиот борбен брод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП