Здравствените власти во Данска ги повикаа навивачите кои присуствуваа на натпреварот на Европскиот шампионат меѓу фудбалерите на Данска и Белгија да бидат тестирани за коронавирус, откако беа откриени најмалку три случаи на заразени со новиот „делта“ вид на коронавирус.
Натпреварот се одигра на 17 јуни во Копенхаген на стадионот „Паркен“.

