24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали вонземјаните сепак нè гледаат? "Вреди да ги проучуваме овие светови повнимателно,...

Дали вонземјаните сепак нè гледаат? “Вреди да ги проучуваме овие светови повнимателно, бидејќи знаеме дека можат да нè видат”

Се чини дека вонземјаните сепак може да нè гледаат, покажала најновата студија објавена во научното списание „Nature“, која ги истражувала ѕздените системи на оддалеченост од 325 светлосни години од Земјата.

Во рамките на кругот од 325 светлосни години од Земјата, има 1.715 ѕвездени системи кои ќе бидат во вистинска позиција за да можат да ја набудуваат нашата планета користејќи ги истите техники што ги користиме на Земјата за откривање на егзопланети. Уште поинтересно е дека 75-те најблиски до нас можат да ги детектираат радиобрановите кои постојано ги испраќаме во вселената.

Најлесен начин да се набудува егзопланета (планета надвор од Сончевиот систем) е да се фати во преминот помеѓу нас и нејзината матична ѕвезда, блокирајќи мал дел од светлината на таа ѕвезда, но доволно за астрономите да откријат дека станува збор за планета.

Проучувајќи ги податоците од вселенскиот телескоп “GAIA” за положбата и движењата на ѕвездите блиски до нас, Лиза Калтенегер од Универзитетот Корнел во Њујорк и Џеки Фаерти од Американскиот музеј за национална историја во Њујорк откриле во кои ѕвездени системи блиски до нас може да се видат на ист начин како што нашите астрономи бараат нови светови во вселената.

Калтенегер и Фаерти откриле дека во моментов 1402 ѕвезди се во позиција што од нивните системи може да се види Земјата како поминува пред Сонцето. Откриле дека 313 ѕвезди веќе ја имале таа можност и дека уште 319 ќе имаат шанса да ја видат истата, под услов да има некој во тие системи што управува со слична или понапредна технологија од нашата.

Двајцата научници спроведоа симулации со екстраполација на движењата на овие ѕвезди во период од 10 000 години, како и просечното време во кое било кој број од овие набљудувани ѕвезди може да ја набудуваат Земјата. Тој просек е 6.914 години, што е повеќе од доволно време некој да ја види Земјата како потенцијално населена планета, се разбира гледано единствено од перспектива на разбирање на живеалиштето што го има човекот.

Можеби најинтересното откритие е дека дури 75 ѕвездени системи се доволно блиску за да ги детектираат радио брановите што ние Земјините постојано ги испраќавме во вселената во последните 100 години.

Исто така, Калтенегер и Фаерти проценуваат дека во таканаречената златна зона околу овие 1715 ѕвезди има повеќе од 500 карпести светови на кои може да биде можен живот, како што го разбираме. За некои веќе знаеме, а меѓу нив најпознат е системот Трапист-1, кој содржи седум планети со големина на Земјата. Сепак, за овој систем, Земјата ќе може да се открие само во периодот помеѓу 3663 и 6034 година, односно во далечна иднина.

Вреди да ги проучуваме овие светови повнимателно, затоа што знаеме дека можат да нè видат. Кој би имал најголем поттик да ни испрати сигнал? Оние кои би / не забележале, вели Калтенегер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП