19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАДо каде оди човечката глупост: Ги напаѓаат работниците кои прскаат против комарци...

До каде оди човечката глупост: Ги напаѓаат работниците кои прскаат против комарци бидејки веруваат дека распрскуваат коронавирус!

Работниците на ЈКП „Градска чисточа“ од Белград, кои неколкукратно опрашуваат комарци за краток временски период биле нападнати од поединци или групи кои, колку и да звучи бизарно, веруваат дека наместо да уништуваат инсекти, извршуваат терористички напад и распрскуваат коронавирус, пишува Курир.рс.

Последниот напад се случил во вторникот околу 22 часот на територијата на белградската општина Грочка, а информацијата за тоа ја објави заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ на неговата Фејсбук страница.

Екипите на „Градска чисточа“ секојдневно се соочуваат со вербални напади, а многу често и физички напади врз возила, како и вработените, истакна во изјавата Марко Попадиќ, директор на ЈКП „Градска чисточа“.

https://www.facebook.com/watch/?v=151077563784893

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП