16 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската активност во еврозоната достигна 15-годишен максимум

Економската активност во еврозоната достигна 15-годишен максимум

Економската активност во приватниот сектор во еврозоната расте со најбрзо темпо во последните 15 години во услови на опаѓање на ограничувањата поради коронавирусот.

Индексот на менаџери за набавки на IHS Markit (PMI) покажува дека деловните субјекти се обидуваат да останат во чекор со побарувачката во јуни откако намалија новите случаи и вакцинациите овозможија постепено да се отвори економијата по повеќемесечни блокади.

Вкупниот индекс на „PMI“ во еврозоната достигна 59,2 поени во јуни – највисоко ниво од јуни 2006-та година, што е малку над очекувањата од 58,8 поени според првичните податоци. Ова е исто така трет последователен месец на забрзување на растот, покажуваат податоците на „Tradingeconomics“.

Во исто време, „PMI“ за услуги е на ниво од 58 поени овој месец од 55,2 поени во претходната година и над очекувањата за 57,8 поени. Податоците покажуваат дека ова е најбрзото темпо на експанзија во услужниот сектор од јули 2007-ма година.

Довербата во економските прогнози исто така се искачи на највисоко ниво од почетокот на собирањето податоци во 2012-та година.

Сепак, регионот како целина продолжува да доживува потешкотии. Просечните цени на стоките и услугите растат со најбрзо темпо од кога беа собрани споредливи податоци за двата сектори од 2002-ра година. Магацините се исцрпуваат и се зголемуваат работните притисоци, што може да има форма на забрзана инфлација во следните месеци.

Европската централна банка (ЕЦБ) веќе предупреди на можен ризик од забрзување на инфлацијата, иако гувернерот Кристин Лагард на почетокот на оваа недела повтори дека зголемувањето на цените ќе биде привремено.

Според „IHS Markit“, податоците укажуваат на силен економски раст пред нас.

„Податоците повикуваат на импресивно ширење на бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал, проследено со уште посилен раст во третиот“, рече главниот деловен економист на „IHS“, Крис Вилијамсон.

„Но, силата на производството – и во Европа и на меѓународно ниво – значи дека компаниите тешко се соочуваат со побарувачката“, додаде тој.

Франција и Германија

Двете најголеми економии во Европа забележаа бум во услужниот сектор во јуни, во услови на ослободување на рестриктивните мерки и првите знаци дека проблемите на производителите може да почнат да бледнеат.

Општите индекси на менаџерите за набавки во двете земји покажуваат дека економската активност во приватниот сектор се забрзува, а растот на услугите е најбрз во последните неколку години.

Иако растот на француското производство се забавува на најниско ниво во последните четири месеци, поради проблемите со синџирот на снабдување, германските фабрики гледаат светло на крајот од тунелот – намалување на бројот на производители кои пријавуваат подолго време за спроведување и зголемување на цената на суровини.

Вкупниот индекс на „PMI“ во Германија достигна 60,4 поени во јуни – највисоко читање од март 2011-та година, според првичните податоци цитирани од „Tradingeconomics“.

Во Франција, индексот се искачи на 57,1 поен од 57 поени во мај, но остана далеку под пазарната прогноза од 59 поени. Сепак, најновото читање е најсилниот раст на приватниот сектор од јули 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП