Златан Ибрахимовиќ не успеа во обидот да заигра за Шведска уште еднаш на големите натпреварување, откако се повреди во финишот на сезоната, и додека неговите сонародници веќе се пласираа во осминафиналето, тој ужива на одмор со крстосување на Средоземното море, и секако со фолк музика.
Преку Инстаграм, тој прати видео со синото море, но и со песната на Осман Хаџиќ, „Рана како рана“.

