Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален капацитет од 100 проценти, на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.
Како што соопшти владината прес-служба, превозниците се обврзани одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција, предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.

