10 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија најсиромашна земја во ЕУ, Луксембург најбогата

Бугарија најсиромашна земја во ЕУ, Луксембург најбогата

Еуростат вчера објави податоци за потрошувачката по глава на жител во 2020 година, кои покажуваат дека Бугарија е на самото дно во Европската унија.

AIC ја мери вредноста на стоките, услугите и добрата што граѓаните можат да ги купат или добијат за иста сума пари.

Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинствата. Најбогат е Луксембург, што е за 31 процент над европскиот просек. Следува Германија со 23 проценти. Австрија, Финска, Белгија, Холандија, Шведска и Франција се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 5 до 20 проценти над просекот на ЕУ.

Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година. Таа година, двете земји беа со 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци, кои ја вклучуваат и 2020 година, Романија е со 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска со 67 проценти. Романија ја престигна и Словачка.

На Кипар, Италија, Литванија и Ирска, нивото беше 10 проценти или помалку од просекот, додека Шпанија, Чешка, Португалија, Малта, Полска и Словенија заостануваа 11-20 проценти. Романија, Естонија и Грција беа за 21-25 проценти под просекот на ЕУ.

Пет земји се 25-33 проценти под просекот, а тоа се Словачка, Летонија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП