8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога на работа ви е здодевно...

Кога на работа ви е здодевно…

zdodevno1

Постојат денови кога сме ги завршиле сите наши работни обврски и едноставно не обзема здодевноста. Еве неколку совети што би можеле да ги примените кога ви е здодевно на работното место…

1. Обидете се да ги запознаете подобро колегите. Побарајте помош ако ви треба за нешто, поканете ги на сокче во блиското кафуле.

2. Организирајте си го работниот простор. Ако бирото ви е средено не значи дека не работите ништо.

3. Истражете го пазарот на труд. Секогаш следете што е актуелно во вашата професија, дали можеби се отвора некоја позиција која е соодветна на вашите квалификации.

4. Поставете нов предизвик пред себе. Понекогаш ни е здодевно ако имаме ситни работи, и ако немаме вистински предизвик пред нас. Наместо да чекате некој да ви даде работа, побарајте задача која би ја работеле со задоволство.

5. Направете си листа со животните цели. Можеби сметате дека не е ниту место ниту време да го правите ова во канцеларија, но најдобриот работник е задоволниот работник. Ако успеете да ги дефинирате своите животни цели и направите план како да ги остварите, вашиот шеф не би требало да има ништо против.

6. Пребарајте обуки. Пронајдете тренинзи и обуки за ваша доквалификација. Направете си распоред на конференции кои сакате да ги посетите.

7. Исчистете го инбоксот. Направете си распоред во мејлот. Испразнете непотребни мејлови и спам пораки.

8. Реорганизирајте ги личните финансии. Направете табела со месечните приходи и трошоци, размислете како да заштедите или да заработите дополнително.

9. Пронајдете си нова позадина за десктопот. Менувајте ја секој ден чисто за да си го освежите расположението.

10. Земете здив и прошетајте наоколу. Наполнете го мозокот со енергија и вратете се во канцеларија свежи и полни со елан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП