4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Инфлацијата во САД ќе има ограничен ефект врз еврозоната

Лагард: Инфлацијата во САД ќе има ограничен ефект врз еврозоната

Гувернерот на Европската централна банка Кристин Лагард рече дека забрзувањето на инфлацијата во САД ќе има само ограничен ефект врз еврозоната.

Според неа, домино-ефектот може да се појави преку директен канал на увезена стока произведена во САД, и преку некои индиректни трговски механизми и оние поврзани со очекувањата.

Таа го коментираше ова пред европратениците во Европскиот парламент во понеделникот. Сепак, вкупните ефекти врз инфлацијата во зоната на единствена валута „се очекува да бидат умерени“.

Позицијата на Лагард ја потенцира разликата во проценката на заканата од страна на ЕЦБ и ФЕД, кои минатата недела признаа дека зголемувањето на цените може да биде побрзо од претходно очекуваното, со што се зголемија прогнозите и очекувањата за зголемување на каматните стапки.

Неколку дена претходно, Франкфурт соопшти дека одржува забрзано темпо на купување обврзници за да се обезбеди кревкото закрепнување да не се врати назад. Промена имаше само во однос на пронаоѓањето на „избалансирани“ економски ризици – дефиниција што се користи за прв пат од 2018-та година.

„Изгледите за економијата навистина се расчистуваат со подобрувањето на состојбата со пандемијата“, рече Лагард.

Според неа, ценовниот притисок се очекува да се зголеми до одреден степен оваа година поради привремените ограничувања на снабдувањето и закрепнувањето на локалната побарувачка, но веројатно ќе остане „потиснат“.

Во исто време, гувернерот на ФЕД Џером Пауел порано рече: „Дали постои ризик инфлацијата да биде поголема отколку што очекувавме? Да“.

Според Лагард, една од главните разлики меѓу Соединетите држави и еврозоната е дека американското закрепнување од пандемијата е многу понапредно отколку во блокот.

„Мислам дека всушност не можеме да ја споредиме ситуацијата во Соединетите држави со состојбата во еврозоната“, рече таа. Според неа, тие се наоѓаат на различни позиции во однос на економскиот циклус, инфлацијата и очекувањата за тоа.

Лагард рече дека ЕЦБ ќе биде „крајно внимателна“ во следењето на преговорите за плати за можни ризици, иако нема „сериозни причини да се верува дека платите се договараат на нивоа што ќе доведат до посилни скриени фактори за инфлација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП