20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова валута пристигнува на пазарот

Нова валута пристигнува на пазарот

Група од петнаесет земји од Западна Африка во саботата усвои нов план за лансирање на единствена валута во 2027 година, откако претходниот план беше нарушен од пандемијата.

Новата стратегија беше договорена од шефовите на држави на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), рече Жан-Клод Каси Бру, претседател на Комисијата ECOWAS, на прес-конференција по самитот во Гана.

Земјите се надеваат дека единствената валута ќе помогне во зајакнувањето на трговијата и економскиот раст.

„Заради шокот поврзан со пандемијата, шефовите на државите одлучија да ја прекинат имплементацијата“, рече Бру.

„Имаме нов план и нов договор за конвергенција што ќе го опфати периодот помеѓу 2022 и 2026 година, а во 2027 година ќе биде лансирана „еко“, рече тој, повикувајќи се на името на новата валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП