29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЊујорк симнат од тронот: Пекинг прв на листата по бројот на милијардери

Њујорк симнат од тронот: Пекинг прв на листата по бројот на милијардери

За прв пат по седум години, Њујорк ја изгуби титулата светска престолнина на милијардери. Кинеските метрополи имаат најмногу милијардери.

Во 2020 година, Пекинг го надмина Големото јаболко, бидејќи доби 33 нови милијардери.

Пекинг сега е на прво место, и за влакно е пред Њујорк, бидејќи во него живеат точно 100 луѓе со богатство вредно милијарда долари или повеќе, додека во Њујорк има 99 такви.

Податоците доаѓаат од листата на „Форбс“, која покажува дека една четвртина од 2.755 исклучително богати живеат во само 10 градови во светот.

Исто така, дури 10 проценти од светските милијардери се наоѓаат во четири кинески метрополи.

Покрај Пекинг, меѓу 10-те гпрестолнини на милијардери се наоѓаат и Шангај, Шенжен и Хангжу, а на списокот е и Хонг Конг, специјален административен регион на Кина, кој е на високо трето место со 80 милијардери.

Сепак, иако Њујорк е на второто место, вкупното богатство на неговите милијардери е 560,5 милијарди долари, што е повеќе од вредноста на богатите луѓе во Пекинг (484,3 милијарди долари).

Најбогатиот жител на кинеската престолнина, со нето богатство од 35,6 милијарди долари, е Жанг Јиминг, додека Мајкл Блумберг е најбогатиот жител на Њујорк, со богатство од 59 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП