28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот електричен автомобил на „Alfa Romeo“ ќе биде купе

Првиот електричен автомобил на „Alfa Romeo“ ќе биде купе

Италијанскиот производител „Alfa Romeo“ ќе оживее еден од своите легендарни „GTV“ модели во форма на електрично купе, кое ќе застане на чело на гамата на марката, пренесува „Autocar“.

Плановите на компанијата предвидуваат купето со 4 врати да се наоѓа на врвот на гамата на моделите „Alfa Romeo“. Таа вклучува 3 кросовери, седан, супермини и „Spider“, кои треба да се појават на пазарот најдоцна до 2026-та година.

Проектот за електрично купе веќе му е презентиран на шефот на компанијата Жан-Филип Импарато, кој признава дека е заинтригиран, но сè уште не донел конечна одлука. Идејата е „GTV“ да биде достапен со конвенционален погон, така што моделот ќе може да се натпреварува и со „BMW 4-Series Gran Coupe“, но и со „BMW i4“.

Името „GTV“ се користи од низа различни купе модели на „Alfa Romeo“ со текот на годините, а последното беш со 2+2 места и се произведуваше во периодот 1995-2005 година. Првично беше планирано да се оживее овој модел со мотор со внатрешно согорување, но на крајот раководството на „Alfa Romeo“ се откажа.

Во исто време, под водство на Жан-Филип Импарато, францускиот бренд „Peugeot“ го создаде концептот електрично купе „e-Legend“, кој беше инспириран од моделот „504“. На крајот, неговиот влез во сериско производство беше одбиен, но таквиот моделот совршено одговара на опсегот на „Alfa Romeo“, на кој итно му треба проширување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП