9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите на Британците најмногу намалени во цела ЕУ

Платите на Британците најмногу намалени во цела ЕУ

Counting.British.Pounds

Платите на Британците поради економската криза се најмногу намалени во целата Европска унија, дури и повеќе од Грција, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци на Долниот дом на Парламентот.

Според тие податоци кон средината на 2010 година исплаќањето на примањата на час се намалило за 5,5 отсто. Во Германија тој показател изнесува 2,7 отсто, а просечното намалување на платите во ЕУ изнесува 0,7 отсто.

Меѓу земјите каде е забележано најголемо намалување на платите се Грција, Португалија и Холандија.

Во Шпанија е забалежан пад на платите од 3,3 отсто, а во Кипар од три проценти. Во Франција, пак е забележано зголемување на платите од 0,4 отсто. а

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП