29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорот кој предвиде економски колапс во 2008 година, најавува крах на пазарот...

Инвеститорот кој предвиде економски колапс во 2008 година, најавува крах на пазарот на криптовалути

Мајкл Бари предвидува дека пазарот на криптовалути ќе пропадне. Менаџерот на хеџ фондот, кој се прослави со филмот The Big Short и кој на своите инвеститори им донесе големи профити предвидувајќи колапс на пазарот на недвижнини, сега објавува дека доаѓа „мајката на сите несреќи“.

Бари укажа на прекумерниот левериџ како главен проблем за криптовалутите. Како што предупреди, инвеститорите кои купуваат криптовалути „се пријавуваат за разорни загуби“.

Бари додаде дека стравот на луѓето од пропуштање ги однесе цените на неодржливи нивоа. Шефот на „Сајон Асет Менаџмент“ исто така ги предупреди љубителите на криптовалути кои несовесно се задолжуваат за да ги купат своите омилени монети.

-Проблемот со криптовалутите, како и во повеќето работи е левериџот. Ако не знаете колку е левериџот во криптовалутата, не знаете ништо за неа.

Шефот на Сајон привлече бројни обожаватели откако еднаш предвиде колапс на пазарот на недвижнини, што ја забрза глобалната финансиска криза.

Што е тоа левериџ?

Левериџ е инвестициска стратегија за користење позајмени пари, преку финансиски инструменти или директно позајмен капитал, за зголемување на потенцијалниот поврат на инвестицијата. Исто така, левериџот може да се однесува и на износот на долг што компанијата го користи за финансирање на имотот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП