20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДали Џеф Безос ќе ја купи Мона Лиза?

Дали Џеф Безос ќе ја купи Мона Лиза?

Интернет-петицијата, во која близу 13.000 луѓе се согласуваат дека бизнисменот Џеф Безос, кој следниот месец ќе оди во вселената со своето вселенско летало треба таму и да остане, не е единствената.

Нова необична петиција се залага основачот на Амазон и вселенската компанија „Blue Origin“ да ја купат и изедат Мона Лиза.

„Никој не ја изеде Мона Лиза и веруваме дека прво треба да го стори тоа Џеф Безос“, се вели во петицијата, која во моментов има близу 10.000 потписи.

Кејн Пауел од Мериленд ја започна петицијата откако разговарал со пријателите во компанијата Applebe\’s за тоа како Безос има доволно пари да го купи славниот портрет на Леонардо да Винчи.

Познатата слика на Мона Лиза е во францускиот музеј „Лувр“ и, се разбира, не е на продажба, но никогаш не се знае – Џеф Безос сигурно би можел да си го дозволи тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП