7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Грција има потреба од дополнителна помош

Германија: Грција има потреба од дополнителна помош

grcija1

Германската централна банка смета дека на Грција ќе и биде потребна дополнителна помош од европските партнери најдоцна до почетокот на 2014 година, пишува германскиот весник Шпигел.

Овој весник се повикува на документот на Бундесбанк кој е наменет за германското Министерство за финансии и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во кој се предвидува дека европските власти „сигурно ќе се договорат околу новата програма за помош на Грција“ најдоцна до почетокот на следната година.

Во документот се истакнува дека се „исклучително високи“ ризиците во врска со постоечкиот пакет помош за таа земја и одлуката за одобрување на транша од 5,8 милијарди евра е критикувана како „политички мотивирана“.

Овој извештај би можел повторно да ја иницира дебатата во Германија околу тоа дали канцеларката Ангела Меркел, пред изборите на 22 септември, на кои би можела да го освои третиот мандат, намерно ги намалува изгледите дека на Грција ќе и бидат потребни повеќе пари.

Иако европските лидери, вклучувајќи ја и Меркел, ги пофалија напорите на грчката влада за спроведувањето на реформите кои беа услов за давањето на кредит, Бундесбанк смета дека не може да се каже дека учинокот на Атина бил задоволителен.

Опозициските партии ја обвинуваат Меркел дека таа намерно го прикрива постоечкиот ризик дека Германија ќе мора повторно да финансира уште еден кредит во еврозоната.

Грција досега доби помош во износ од 240 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП