6 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈелен: На ​​САД не им се заканува хиперинфлација

Јелен: На ​​САД не им се заканува хиперинфлација

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен пред Комитетот за финансии на Конгресот во Претставничкиот дом изјави дека на САД не им се заканува хиперинфлација и дека зголемувањето на стапките на инфлација се привремени и дека економијата добро се опоравува од ефектите на пандемијата.

„Не верувам дека сме во опасност од хиперинфлација. Имавме неколкумесечна висока инфлација за која повеќето економисти, вклучително и јас, верувам дека ќе биде минлива, бидејќи нашата економија силно се опоравува по пандемијата“, рече Јелен.

Таа призна дека инфлацијата е поголема од очекуваната, но исто така истакна дека е привремена и минлива. Јелен потсети на владината стапка на проекција на инфлацијата од 2,1 процент во 2021-ва година и призна дека инфлацијата била поголема во последните месеци.

„Важно е да се има предвид дека крајот на пандемијата ќе биде проследен со период на паѓање на цените“, рече таа.

На прашањето за ефектите од високата инфлација врз различните сектори на населението, Јелен призна дека Министерството за финансии нема спроведено посебна анализа.

Таа додаде дека се согласува со ФЕД во проценката на привремената природа на повисоките стапки на инфлација и истакна дека се забележани огромни поместувања на побарувачката за услуги и стоки. Сепак, таа не можеше да каже јасно кога инфлацијата може да забави.

Говорејќи за јавниот долг, Јелен истакна дека нивото на неговата одржлива сума е променето.

„Каматните стапки се многу ниски. Тоа не е нов феномен, тоа се случува со децении и е важно во однос на одржливото ниво на долг“, рече таа.

Јелен истакна дека некои од мерилата што се користеле низ историјата за да се утврди големината на долгот се значително променети и дека тоа мора да се земе предвид.

Едно од прашањата поставени од членовите на одборот беше во врска со недостатокот на нови работни места, а Јелен, меѓу другото, тврди дека на луѓето кои останале без работа за време на пандемијата „ќе им треба време“ за повторно вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП