24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ без бензинци и дизели веќе од 2026-та?

„Audi“ без бензинци и дизели веќе од 2026-та?

Во последните неколку месеци, „Audi“ воведе неколку електрични возила, вклучувајќи ги „e-tron GT“, „Q4 e-tron“ и „Q4 Sportback e-tron“, што покажува дека во блиска иднина компанијата ќе се потпира само на вакви модели.

Според „Sueddeutsche Zeitung“, производителот со седиште во Инголштад ќе престане да развива нови модели со бензински и дизел мотори во 2026-та година.

Германското издание се повикува на извршниот директор на „Audi“, Маркус Дуисман, кој призна дека неговата компанија ќе продолжи да користи мотори со внатрешно согорување и по овој датум, но тие ќе останат само на постојните модели.

Треба да се напомене дека Дуисман не ја посочува конкретно 2026-та година, но вели „за неколку години“. Сепак, „Reuters“ се повикува на свои извори од компанијата, кои се категорични дека одлуката е веќе донесена и за 5 години „Audi“ целосно ќе го запре развојот на конвенционалните погонски системи за да се фокусираат целосно на електрични возила.

Интересно, по 2026-та година, „Audi“ ќе престане да развива хибридни погонски системи за да се фокусира целосно на електричните единици. Неколку други производители веќе се потпираат на таквата стратегија, додека други веруваат дека „plug-in“ хибридите се „мост кон иднината“, бидејќи потрошувачите сè уште не се подготвени да се префрлат на целосно електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП