21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинската гривна е најубавата банкнота во светот

Украинската гривна е најубавата банкнота во светот

ukrainskagrivna1

Украинската гривна е прогласена за најубава банкнота во светот на седницата на Комисијата за естетика на Меѓународната банка на Швајцарија.

Гривната има чест да ја носи оваа титула по втор пат. Пред три години Меѓународната финансиска банка за прв пат ја прогласи украинската валута за најубава, но таа нагласи дека оваа банкнота не се истакнува само со убавината, туку дека таа е најквалитетно изработена и најмалку се оштетува при употребата.

Интересно е тоа што бугарскиот лев го превзема местото на доларот според убавината и влезе во „валутниот џет-сет“.

Во првите пет најубави банкноти, заедно со украинската гривна, се австралискиот долар, еврото, бугарскиот лев и американскиот долар.

Гривната стана официјална валута на Украина во 1996 година, кога ја замени тогашната валута карбованец.

Името на гривната е поврзано со сребрениот ѓердан, а за прв пат била воведена од кнезот Владимир Велики откако тој во 988 го прогласи христијанството за официјална религија на Киевска Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП