9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во ЕУ затвориле осум проценти од филијалите

Банките во ЕУ затвориле осум проценти од филијалите

ecb3

Во цела Европска Унија во текот на изминатата година банките затвориле околу 5.500 свои филијали.

Според статистичките податоци на Европската централна банка, во текот на 2011 година, биле затворени 7,200 филијали на банките.

Банките во цела Европа ги затвораат филијалите во обид да ги намалат оперативните трошоци и со цел да го подобрат профитот.

Аналитичарите истакнуваат дека на затворањето на филијалите влијаела и зајакнатата употреба на интернетот меѓу корисниците на банкарските услуги и телефонските услужни центри.

Во изминатите четири години банките во ЕУ затвориле осум проценти од своите филијали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП