25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо „Intel“ очекуваат „10 добри години“ за индустријата

Во „Intel“ очекуваат „10 добри години“ за индустријата

Извршниот директор на „Intel“, Пат Гелсингер, рече дека очекува 10 „добри години“ на раст во индустријата за чипови.

„Веруваме дека пазарот, светот, е во период на голема експанзија“, рече Гелсингер за време на настанот. „Предвидувам дека пред нас се 10 добри години, бидејќи светот станува се повеќе дигитален и сè што е дигитално има потреба од полупроводник“, рече тој.

Коментарот сугерира дека инвестицијата на „Intel“ во производство на чипови, како што се плановите да се потрошат 20 милијарди долари за изградба на фабрика во Аризона, ќе создаде капацитет што ќе продолжи да се користи и по сегашната криза со недостиг на полупроводници. Покрај тоа, „Intel“ неодамна објави планови да стане компанија што прави микрочипови за други компании.

Гелсингер вели дека „Intel“ планира да објави планови за дополнителна „мега-фабрика“ во Соединетите држави или Европа пред крајот на годината.

Тој ја откри веста за време на дискусијата во која учествуваше извршниот директор на „Qualcomm“, Кристијано Амон. И двајцата беа на чело на предметните компании претходно во оваа година.

Иако компаниите се конкуренти, нивните извршни директори ја ставаат конкуренцијата настрана и сугерираат дека организациите на крајот ќе можат да соработуваат во области каде нивниот бизнис не се преклопува. „Qualcomm“ прави чипови што се поврзуваат со 5G мрежи, а „Intel“ работи првенствено на процесори кои обезбедуваат основна компјутерска моќ.

Амон рече дека планот на „Intel“ да прави чипови за другите може да биде од корист на „Qualcomm“, кој работи со слични надворешни компании кои ги произведуваат неговите чипови.

„Постојат многу можности за соработка меѓу компаниите“, рече Амон.

Во меѓувреме, двете компании внимателно ја следат аквизицијата на „Arm“ во вредност од 40 милијарди долари. Технологијата на „Arm“ е особено важна за „Qualcomm“ бидејќи е клучна за дизајнот на микропроцесорите што се користат во паметните телефони.

Договорот ги загрижува компаниите за чипови затоа што ќе им треба лиценца за значителна интелектуална сопственост од конкурент. Договорот во моментов се соочува со регулаторни предизвици во Европа. „Arm“ во моментов не прави цели чипови – ги дизајнира со употреба на специјална технологија. Портпаролот на „Arm“ во понеделникот изјави дека компанијата е „крајно уверена“ дека аквизицијата ќе биде одобрена.

За време на викендот, Амон изјави за еден британски весник дека ако трансакцијата е блокирана или „Arm“ ќе остане независна од некоја друга причина, а „Qualcomm“ има интерес да инвестира во неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП