19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoogle и Apple прифатија криптовалути како платежно средство

Google и Apple прифатија криптовалути како платежно средство

Корисниците на Google и Apple ќе можат да вршат трансакции во криптовалути благодарение на партнерството со компанија која обезбедува услуги за купување и продажба на криптовалути Coinbase.

Тие сега можат да ја додадат картичката на Coinbase во нивните опции за плаќање преку мобилен телефон, што значи дека можат да купуваат стоки и услуги преку паметните телефони користејќи ги криптовалутите како што се биткоин, етереум, догикоин и други.

За да добиете картичка, треба да отидете на официјалната страна на Coinbase за да стигнете до листата на чекање. За да ги охрабри корисниците да ја додадат во дигитални паричници, Coinbase објави до 4% крипто награди за оние кои ја користат картичката во услугите за плаќање на Google и Apple.

Дали корисниците можат навистина да плаќаат со криптовалути?

Да и не. Вистина е дека Coinbase ги претвора вашите криптовалути во законско средство за плаќање како што се долари. Односно, кога корисниците ќе купат или повлечат пари од банкомат, компанијата ќе ги претвори дигиталните средства во долари.

Компанијата предупредува дека тоа подразбира плаќање на надоместок или провизија во согласност со видот на трансакцијата што ја извршил корисникот.

Со други зборови – плаќате во криптовалути, но трговците ја добиваат уплатата во важечката легална валута.

Засега, оваа опција е достапна само во САД и е ограничена на избор на корисници од Google и Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП