20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНаучниците објавија загрижувачки вести за новите случаи на КОВИД-19 во Велика Британија

Научниците објавија загрижувачки вести за новите случаи на КОВИД-19 во Велика Британија

Податоците од скоро 110.000 тестови на КОВИД-19 спроведени низ Англија помеѓу 20 мај и 7 јуни покажуваат дека бројот на случаи се удвојува на секои 11 дена.

Бројот на случаи со КОВИД-19 „експоненцијално расте“ низ Англија, пред се кај помладата и невакцинирана популација, велат научниците, но додаваат дека нов бран на епидемија нема да се случи во земјата.

Студија нарачана од британските власти покажа дека бројот на нови инфекции се зголемил за 50 проценти помеѓу 3 мај и 7 јуни, што се совпаѓа со ширењето на делта-варијантата на коронавирусот откриена во Индија и сега доминира во Велика Британија.

Резултатите од истражувањето беа објавени откако британскиот парламент одобри продолжување на ограничувачките мерки до 19 јули, и покрај бунтот на членовите на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон. Премиерот беше спасен од лабуристите кои поддржаа четиринеделно одложување на укинувањето на мерките.

Научниците од Империјал колеџ во Лондон истакнаа дека истражувањето откри „брза промена“ во последните неколку недели помеѓу алфа, англиската варијанта и индисктаа.

Повеќе од 90 проценти од новите случаи на инфекција се поврзани со делта варијанта, објавија тие, но додаваат дека земјата е во поинаква ситуација од минатата есен кога експоненцијалниот раст го активираше вториот бран на епидемијата, бидејќи проширувањето на кампањата за вакцинација ќе спречи такво сценарио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП