25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтстранувањето на ограничувањата ги зголеми приходите на „H&M“

Отстранувањето на ограничувањата ги зголеми приходите на „H&M“

Кварталниот приход на „H&M“, вториот по големина моден трговец на мало во светот, порасна во однос на една година порано, откако беа олеснети ограничувањата поради пандемијата. Сепак, приходите останаа далеку под нивото во 2019-та година.

Шведската група соопшти дека нејзините нето приходи од продажба се зголемени за 62% во нејзиниот фискален втор квартал од претходната година, или за 75% измерени во локални валути. Тие достигнаа 46,5 милијарди круни (5,59 милијарди долари). Аналитичарите анкетирани од „Refinitiv“ претходно дадоа просечна прогноза за раст на нето приходите од 66%.

Во истиот квартал од минатата година, пандемијата и владините мерки за забавување на ширењето на коронавирусот ја погодија глобалната трговија. Затворени беа скоро 4.000 од 5.000 продавници на „H&M“ ширум светот.

Во споредба со вториот квартал од 2019-та година, тековните нето приходи на „H&M“ се за 19% пониски.

„Откако се повеќе луѓе се вакцинирани и голем број пазари постепено дозволија продавниците повторно да се отворат, силното закрепнување на групацијата „H&M“ продолжува“, се вели во соопштението на компанијата

„Продажбата преку Интернет продолжи да расте многу добро, иако продавниците се отворија. Ова покажува дека потрошувачите ги ценат колекциите и можат да купуваат преку преферираниот канал“, додаваат од „H&M“.

Компанијата тврди дека приходите во локални валути за периодот од 1-ви до 13-ти јуни се за 35% повисоки отколку во претходната година и се за 2% повисоки во споредба со истиот период во 2019-та година.

Од „H&M“ посочуваат дека околу 180 продавници се привремено затворени од 13-ти јуни, што е значително помалку од 1.300 во почетокот на март, но повеќе од 140 на крајот на мај.

„H&M“ се очекува да ги објави своите целосни финансиски резултати за вториот квартал на 1-ви јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП