23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСекој трет во Црна Гора легално поседува оружје

Секој трет во Црна Гора легално поседува оружје

Според резултатите од истражувањето „Извештај за светската популација“ (World population review) за оваа година, Црна Гора е прва во Европа според количеството на лично вооружување што се поседува легално, што значи дека секој трет жител е вооружен, односно дека од 100 жители, 39 граѓани поседуваат парче лично оружје.

Бројот на нелегално оружје не може да се утврди со сигурност, бидејќи за тоа нема официјални записи. Криминологот, професор на Правниот факултет во Подгорица, Велимир Ракочевиќ, вели дека е тешко да се даде точна проценка во врска со прашањето за нелегално оружје.

Криминолошките истражувања покажуваат дека црната бројка е доста висока кога станува збор за кривичното дело нелегално поседување оружје и распрскувачки материјали.

На глобално ниво, на две регистрирани парчиња оружје има едно непријавено, што секако треба да претставува загриженост.

„Ова се оптимистички прогнози, бидејќи во некои земји односот на пријавено и нелегално оружје е дури и 1:1“, вели Ракочевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Професорот исто така смета дека поседувањето оружје е дел од традицијата во Црна Гора.

Црногорското Министерството за внатрешни работи соопшти дека минатата година се издадени 1.808 дозволи или одобренија за набавка на оружје, а тој број е сличен во последните пет години. Според податоците на тамошното МВР, физички и правни лица имаат регистрирано 100.430 парчиња оружје, кај 67.223 сопственици. Од таа бројка, 38.486 парчиња се во сопственост на лица кои се занимаваат со спортско стрелаштво.

Во полициските акции за доброволно предавање на оружје во државата, кои беа спроведени од 2015 до 2021 година, биле предадени 1.865 парчиња оружје, 1.006 делови за оружје, 345 минско-експлозивни средства и 33.822 парчиња муниција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП