20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеверна Кореја се соочува со недостиг на храна

Северна Кореја се соочува со недостиг на храна

Северна Кореја, која се соочува со тешка економска ситуација поради меѓународните санкции наметнати поради нејзината воена програма, веќе подолго време се соочува и со сериозен недостиг на храна.

Економијата беше погодена и од епидемијата на коронавирус, како и од временски непогоди, тајфуни и поплави.

На состанокот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, Ким рече дека економската состојба се подобрила со зголемувањето на индустриското производство за два проценти во споредба со претходната година, пренесе агенцијата КЦНА.

Сепак, севернокорејскиот лидер призна дека земјата се соочува со „низа потешкотии“ поради многу „предизвици“ што треба да се надминат.

„Ситуацијата со храна сега е напната, бидејќи земјоделскиот сектор не може да ја исполни својата цел да произведува житни култури поради штетите предизвикани од тајфуните минатата година“, рече Ким.

Во текот на летото на 2020 година, неколку илјади домови и обработливо земјиште беа уништени во тајфуните проследени со поплави.

Ким повика на мерки за намалување на последиците од овие природни катастрофи, велејќи дека обезбедувањето „добра жетва“ е врвен приоритет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП