28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја предупреди Г-7: Малите групи не владеат со светот

Кина ја предупреди Г-7: Малите групи не владеат со светот

Кина остро ги предупреди лидерите на Г-7 дека деновите на „мали“ групи на земји кои одлучуваат за судбината на светот поминаа, возвраќајќи им на најбогатите демократии во светот кои бараат обединет став кон Пекинг.

„Деновите кога глобалните одлуки беа диктирани од мала група на земји веќе поминаа“, рече портпаролот на кинеската амбасада во Лондон.

„Ние секогаш веруваме дека државите, големи или мали, силни или слаби, сиромашни или богати, се еднакви и дека светските прашања треба да се решат во консултација со сите држави“, вели портпаролот.

Појавата на Кина како водечка глобална сила се смета за еден од најважните геополитички настани во последно време, со падот на Советскиот Сојуз во 1991-ва година, со што заврши Студената војна.

Г-7, чии лидери се состануваат во југозападна Англија, бара кохерентен одговор на растечката наметливост на претседателот Си Џинпинг по спектакуларниот економски и воен пораст на Кина во последните 40 години.

Лидерите на групата – САД, Канада, Велика Британија, Германија, Италија, Франција и Јапонија – сакаат да го искористат својот собир во англиското крајбрежно одморалиште „Carbis Bay“ за да му покажат на светот дека најбогатите демократии можат да понудат алтернатива на растечкото влијание на Кина.

Канадскиот премиер Џастин Трудо ја предводеше дебатата на Г-7 за Кина во саботата и ги повика лидерите да усвојат унифициран пристап кон предизвиците поставени од Народна Република Кина, рече изворот.

Г-7 планира да им понуди на земјите во развој инфраструктурна шема што може да одговара на иницијативата на Џипинг, „појасот и патот“, вредна повеќе милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП